ВМРО-ДПМНЕ: Заврши „златното доба“ на Заев и Спасовски
Партиски обвинувања и викендов . Опозицикста ВМРО ДПМНЕ вели дека завршило времето на Заев и Спасовски.
„Заврши времето на криминалната коалиција на СДСМ со подземјето. Заврши времето кога МВР на чело со Оливер Спасовски му слугуваше на криминалот. МВР повеќе нема да ги отплаќа долговите и нема да работи за концесиите на Заев кон подземјето кое изминатите три изборни циклуси се стави во целосна служба на овој човек.
Јасно е зошто Заев, Спасовски и Петровска штитеа и форсираа криминоген лик како Драган Симоновски. Притворениот Симоновски беше осомничен дека злоупотребувал класифицирани податоци за да изнудува пари, па унапреден во началник. Логично решение само за криминалците од СДСМ.
Никогаш да не се повтори!“, соопштуваат од партијата на Мицкоски.
Од таму посочуваат дека „МВР на чело со новиот технички министер ќе работи професионално и одговорно во служба на македонските граѓани. Улиците нема да бидат препуштени на криминалците.
Тука е крајот на политичарите кои наместо да ги гонат се сликаа со криминалци, рекетари, бандити. Тука е крајот на коалицијата на полицијата со криминалот. Во СДСМ владее паника, стравот на Заев, Спасовски и сите нивни соработници е голем бидејќи и самите се свесни дека после 12 април ќе одговраат за стореното“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
