ВМРО-ДПМНЕ започнува со анти-владини протести
ВМРО-ДПМНЕ започнува нов циклус на анти-владини протести, а првиот е најавен в среда на годишнината од апсењата на обвинетите за упадот и насилствата на 27 април во македонското Собрание.
Опозицијата ова го одлучила на вчерашната редовна седница. Протестот ќе започне во 17 часот со место на тргнување од плоштадот ВМРО и ќе заврши пред Владата на Република Македонија.
„СДСМ погрешно ја води државата, а ќе протестираме и поради криминалот и корупцијата“, велат од партијата.
На точно една година од најцрниот и најмонструозно конструиран процес во кој што пратеници, уметници, актери, режисери и оперски пејачи се апсеа и приведуваа за измислен тероризам, додаваат од таму.
Исто така, ДПМНЕ одлучил да објави и јавен повик за кандидирање на членови на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.
