Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Започна попис на матични броеви каков што нема никаде во демократска Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Започна попис на матични броеви каков што нема никаде во демократска Европа

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Зоран Заев продолжува со целосно редефинирање на Македонија. 

Велат дека откако ја избришал македонската историја, се откажа од македонското име и јазик, сега исплаќа нови концесии кон своите доверители. 

„Во текот на вчерашниот ден започна таканаречениот пробен попис, попис на матични броеви, попис каков што нема никаде во демократска Европа. Заев без консултации со опозицијата насилно турка попис на матични броеви, спротивно на препораките на Еуростат, попис кој нема да ја прикаже реалната бројка на население кое живее во нашата држава. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда мора да разберат дека пописот е статистичка, а не политичка операција, операција преку која ќе манипулираат со бројката на жители во државата. Задкулисните игри и договори се недозволиви кога станува збор за националните и државните интереси.  Недозволиво е да се пазари со една ваква клучна операција како пописот од која зависат идните политики на државата. Доколку Зоран Заев навреме не се откаже од ваквата монструозна идеја многу е веројатно дека пописот ќе ја  оживее судбината на неуспешниот референдум за промена на името. Заев мора да разбере дека има поважни и по суштински работи од власта, парите и моќта. Тој мора еднаш засекогаш да сфати дека функциите се минливи, а држава треба да ја оставиме и на идните генерации“, реагираат од партијата. 

Овој процес мора да запре, препораките на Еуростат и европските стандарди мора да се применат и на пописот во Македонија, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести