ВМРО-ДПМНЕ: Законот за државна управа повлечен поради номотехничка грешка
Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека законот за реорганизација на владата не е повлечен од Собрание, туку дека станува збор, како што велат од таму, за номотехничка грешка.
Од партијата појаснуваат дека исправката ќе биде за брзо време коригирана и денес ќе се најде предлог-законот повторно на седница на Собранието.
– Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение, додаваат од ВМРО-.
Според ТВ 21, која објави дека е повлечен предлог законот за реорганизација на министерствата, се прави измени во поделбата и надлежните органи на Министерството за информатичко општество, како што пишуваат, сега ќе биде дигитализирана и администрација.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го извести Собранието дека го повлекува предлог законот со кој требаше да се реорганизира владата со нови министерства и да се донесе по брза постапка.
„Ве известувам дека го повлекувам Предлогот на закон за изманеување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, по скратена постапка со архивски број 09-2830/1 поднесен на 05.06.2024“, стои во известувањето од Мицкоски поднесено како пратеник предлагач до Собранието.
