ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се гоштевале со лигњи и октоподи на јахтата
ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение го обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека се гоштевале со скапа морска храна со поранешниот премиер Зоран Заев на јахтата на која заеднички летуваат, додека неговата партија ги критикувала високите стапки на инфлација.
„Лицемерниот Филипче ужива во друштво на Заев во скапа јахта на Егејското море и се гоштеваат со лигњи, октоподи и тропски плодови. Ова би поминало незабележано, доколку Филипче и Заев се чесни луѓе. Додека неговата партија секојдневно штанца соопштенија како лошо се живее во Македонија, Филипче во друштво на Заев уживаат на скапа јахта, за која тој треба да одговори, чива е јахтата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Да се има јахта, исто така не е грев. Но, грев е доколку таа јахта сте ја купиле со парите од граѓаните, кои ги прелажавте и уништувавте години наназад. Ги оставивте да живеат со 150 денари на ден, а тие – Филипче и Заев, правеа провизии и договори во 4 очи, и се богатеа на грбот на народот.
Филипче кој е привезок и послушник на политиките на Заев, треба јасно да каже од каде се парите за скапата јахта? Дали случајно и тие се подарок од фирми кои добивале тендери кога овој криминален тандем составен од Филипче и Заев беше власт?“,соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
