Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ВИДЕОТО СО ТАРЧУЛОВСКИ: Местенка и лага не може да го спаси СДС од огромниот пораз

ВМРО-ДПМНЕ ЗА ВИДЕОТО СО ТАРЧУЛОВСКИ: Местенка и лага не може да го спаси СДС од огромниот пораз

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека видеото на кое се гледа како нивниот кандидат за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски вели дека „тој што донел највеќе гласови, на тој ќе му се направи“, е местенка и извадено од контекст.

Од партијата велат дека ниту една манипулација, изјава извадена од контекст, местенка и лага не може да го спаси СДС од огромниот пораз кој ги очекува. 

„Видеото кое СДС го шири низ интернет просторот за Јохан Тарчуловски е целосно извадено од контекст. Граѓаните имаат јасен избор, од едната страна го имаат ВМРО-ДПМНЕ кое има програма со проекти и мерки произлезени од реалните потреби на граѓаните, за кои знаат дека ќе бидат реализирани и остварени, за што гаранција е нашата досегашна работа. Од друга страна го имаат СДС, кои 4 месеци со прст немаат мрднато за граѓаните и државата“ -стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните ја знаат разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Граѓаните знаат кој гради и работи во нивна корист, а кој дели, закочува и блокира, наведуваат во реакцијата. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС четири месеци од власта ги потроши за купување на индустриски гиганти како „Герас Цунев“ за само 20.000 евра, за доделување на милионски тендери на фирмите на луѓето од врвот на власта, но и за поставување на своите најблиски роднини на високи раководни позиции во државната администрација.

Слично

Поврзани вести