ВМРО-ДПМНЕ за пучот во Турција: Снимките од 15 јули засекогаш ќе останат врежани во сеќавањата
ВМРО-ДПМНЕ изразува најдлабоко сочуство за сите оние кои ги загубија животите при обидот за државен удар во Република Турција.
Сликите и снимките од минатогодишниот 15 јули засекогаш ќе останат врежани во сеќавањата не само на турскиот народ, туку и на сите кои имаат посебна почит и симпатии кон Турција, се вели во партиското соопштение.
„Република Турција и турскиот народ биле и остануваат докажан пријател на Република Македонија. Меѓусебните односи секогаш биле проткаени со взаемна почит и пријателство и очекуваме врските со Република Турција да се продлабочуваат и во иднина. Демократските избори се единствениот начин на кој што една власт може да ја добие честа да ја управува државата“ - додаваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека Турција ќе ги надживее последиците од минатогодишниот обид за пуч и дека ваквите немили сцени и човечки загуби нема веќе никогаш да се повторат, се вели во соопштението од партијата.
