ВМРО-ДПМНЕ за Арсовска: Скопје празнично изгледа како Кабул под Талибанците
Скопје празнично изгледа како Кабул под Талибанците. Вака од ВМРО-ДПМНЕ ја нападнаа градоначалничката Данела Арсовска.
„Единствено што посакува Данела Арсовска е 11 милиони за приватна продукција да и снима спотчиња, чиста пропаганда! А, за што да снимаат спотови? За Скопје што празнично изгледа како Кабул под Талибанците, за долгот од милион ипол евра за превозниците, за сообраќајниот хаос, хаосот со бездомните животни или еколошката бомба?“, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека Арсовска бара 11 милиони денари за прес конференции и приватна продукција за медиумски активности“.
Претходно, Арсовска во гостување на Канал 5 изјави дека добивала закани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Слично
