Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ води во Зрновци, Конче, Новаци, Чешиново-Облешево

ВМРО-ДПМНЕ води во Зрновци, Конче, Новаци, Чешиново-Облешево

Молк од ВМРО-ДПМНЕ за досегашните резултати од локалните избори, додека во исто време СДСМ преку партиските штабови прогласи победа во првиот круг во триесетина општини.

Засега единствено за состојбата на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори може да се согледа од веб сајтот на Државната изборна комисија.  Таму според првично обработените резултати ВМРО-ДПМНЕ има водство во десетина општини и најизразено е во општините Зрновци, Конче, Новаци, Чешиново-Облешево каде најверојатно ќе освојат градоначалнички мандати уште во првиот круг. 

Се чека на официјална прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ како и соопштување на резултатите според нивните пресметки, но досега единствено укажаа на забелешки на нерегуларностите во кампањата и на изборниот ден.

ВМРО-ДПМНЕ има водство во уште десетина општини, но таму се е уште е неизвесно и барем рано е да се прогнозира победа во првиот круг според досега обработените податоци од ДИК.

Слично

Поврзани вести