Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Во Република Македонија владее хаос

ВМРО-ДПМНЕ: Во Република Македонија владее хаос

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе со ново обвинување против власта на СДСМ која според нив досега за десет месеци не успеала ништо значајни да сработи, ниту да ги одржи дадените ветувања и напротив тврди дека Македонија е киднапирана и срушена држава

„Имаме уназадување на стандардите во секое поле. Стануваме држава каде сиромаштијатa расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа. СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење. Најпрво го узурпираа Собранието, ги прекршија сите можни процедури во Собранието и на сила го донесоа неуставниот закон за јазици. Неуставниот закон за јазици го подели општеството и наместо интеграција донесе дезинтеграција. Во Република Македонија владее хаос. Нема поголеми плати, пензии, нема поголем стандард за граѓаните. Младите се иселуваат, а ветувањата за подобар живот останаа мртво слово на хартија“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму од опозициската ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека киднапираните институции служат како политички инструменти за пресметка со неистомислениците, па затоа актери, режисери, архитекти, пратеници и останати биле жртви на монтирани обвиненија за тероризам и без никаква основа се држат во притвор.


Слично

Поврзани вести