Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Во однос на протестите најавени за утре, не стоиме зад нив

ВМРО-ДПМНЕ: Во однос на протестите најавени за утре, не стоиме зад нив

Во однос на протестите најавени за утре, не сме организатори, ниту пак стоиме зад нив, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го поддржува уставно загарантираното право за учество и организирање на протести. Во однос на протестот закажан за утре, ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на истиот. Доколку ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да организира протести јавноста ќе биде навреме известена за природата на тој протест“- рече Aлександар Нацев.

Неколку здруженија и иницијативи за утре најавија семакедонски протест кој треба да почне попладне  во Скопје. 

Организаторите бараат безусловен крај на разговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија и итно ослободување на притворените и осудените за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Слично

Поврзани вести