Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев неспособна да изгаси нормални летни пожари

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев неспособна да изгаси нормални летни пожари

Неспособноста и неажурноста на СДС ја претворија Република Македонија во една голема еколошка катастрофа, со пожари на секој чекор, каде веќе почнаа да горат и куќи, и каде горат и по неколку децениски дрвја кои се белите дробови на државата, посочи ВМРО-ДПМНЕ во денешното обвинување против владата за начинот на кој се справува со шумските пожари.

– Владата на Заев веќе неколку денови не може да изгаси нормални летни пожари. Пожари беснеат во Зрновци, Ѓорче Петров, Сарај, Матка, а Владата на Заев ги игнорира и со прст не мрднува. Поради неажурноста и ненавремена интервенција пожарите прераснаа во вистинска опасност за жителите на Поречието. Заев и СДС не смеат да дозволат да бидат волку неодговорни. Народот ги повикува на помош, а тие немаат совест да помогнат, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Како што стои во соопштението, поради неодговорноста и неспособноста СДСМ ќе се соочи со политичка одговорност на локалните избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните.


Слично

Поврзани вести