Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ја повлече Стратегијата за мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ја повлече Стратегијата за мигрантите

ВМРО-ДПМНЕ бара од Владата да ја повлече Стратегијата за мигрантите за кои на долг рок во период од десет години предвидува нивно третирање на територијата на Република Македонија. 

Од партијата сметаат дека ваквата стратегија ќе ја доведе во  прашање  демографската, економската и безбедносната состојба на земјата. Предвидуваат дека на овој начин во Македонија ќе се вдомат околу 150.000 мигранти.

„Кои се гаранциите дека нема да се загрози безбедноста на сограѓаните, нивните работни места, дека нема да се зголемат даноците и останатите давачки и сето тоа на сметка на наметната од надвор обврска да во предворјето на Европската Унија се задржат мигрантите кои ЕУ не сака да ги прими?“- стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека граѓаните  на  Македонија  треба  секогаш  да  имаат  приоритет  во вработувањето, домувањето и социјалната заштита.

Тие прашуваат дали во Прилеп треба да се градат  14  згради  за  мигранти  и  бегалци  од  Сирија,  Авганистан,  Судан  и  Сомалија.

„ Бараме Владата  на  СДСМ  да  ја  повлечи  оваа  несериозна  стратегија  која  економски  ќе  ја  крахира нашата  држава  и  да  ги  пренамени  средствата  во  Прилеп  за  граѓаните  на  Прилеп.  Да  им помогне  на  младите  брачни  двојки,  социјално  ранливите  и  семејствата  без  решено  станбено прашање. Да отвори дополнителни места во градинките за дечињата од Прилеп и да помогне во отворањето на нови работни места“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од владејачкото мнозинство објаснуваат дека овој документ е отворен за сугестии, дека тој служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција. Додаваат дека Македонија ја има ратификувано Конвенцијата за правата на бегалци од 1994 година и Протоколот од 1963 година, па според тоа е должна да им обезбеди социјална и здравствена заштита.

Слично

Поврзани вести