Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ вешто го крие луксузот: Новинарски екипи „непожелни“ во новото седиште на партијата

ВМРО-ДПМНЕ вешто го крие луксузот: Новинарски екипи „непожелни“ во новото седиште на партијата

Новинарските екипи се непожелни во новото седиште на партијата на власт.

Ова е заклучокот од денешниот “блокиран влез“ за сниматели и фоторепортери за време на средбата на екс премиерот со комесарот за проширување Јоханес Хан.

Пред комесарот да пристигне на средба со Никола Груесвки, како што известиле од ВМРО-ДПМНЕ немале просторна можност да обезбедат услови за да влезат и новинарските екипи кои впрочем беа присутни и на останатите средби кои денеска Хан ги имаше во земјава.

Дел од медиумите пренесоа дека Хан во партијата на владеачката гарнитура влегол преку подземните гаражи.

Токму за ова реагираа и од опозицијата, обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека не сака да го „покаже луксузот и распиништвото во кое е сместена најбогатата партија во Европа“:

Оттаму додаваат дека додека народот секојдневно се бори со сиромаштијата, ВМРО-ДПМНЕ го крие својот имот вреден над 60 милиони евра и за нив образложението дека немало просторни услови во зграда од 33 илјади квадратни метри не само што е смешно, туку е и директна навреда на интелегенцијата на новинари“, соопштуваат од СДСМ.


Слично

Поврзани вести