ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе го слави Денот на независноста на плоштадот „Магнолија“ во Битола
ВМРО-ДПМНЕ вечерва со почеток од 19.00 ќе организира прослава за одбележување на 30 години од независноста на Македонија на плоштадот „Магнолија“ во Битола.
Централниот дел ќе започне половина час пред официјалната програма во Скопје, каде од 19.30 часот ќе настапат солистите поддржани од македонската филхармонија и ќе се изведуваат антологиски песни.
ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „30 години се грижиме за Македонија“, во Битола со панел дискусија во моментов го одбележува јубилејот со панел-дискусија, а свои говори имаат министерот во првата македонска влада Мартин Тренески, поранешниот потпретседател на Влада, амбасадорот Маријан Ѓорчев, поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеникот и градоначалник Коце Трајановски, поранешниот премиер, министерот и пратеник Емил Димитриев и првиот градоначалник на општина Битола Златко Милошески.
