Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ утре го чека Бујар Османи, па ќе одлучи дали ќе продолжи со протестите

ВМРО-ДПМНЕ утре го чека Бујар Османи, па ќе одлучи дали ќе продолжи со протестите

ВМРО-ДПМНЕ кое во меѓувреме продолжува со протестно блокирање раскрсници, утре одговор за преговорите со Бугарија очекуваат од министерот за надворешни работи Бујар Османи, на седница на собраниската Комисија за надворешни работи. На истата седница се очекува информација за што точно се преговара со Бугарија, по што потоа ќе се знае дали и натаму ќе продолжат со протестите.

- Заев имал средба со Радев, но за нивната средба никој не доби точни информации и детали, туку само паушални изјави со кои ќе се замачка настанот и неговата суштина. Ако и двајцата избегнуваат да ги споделат деталите од договорот кој го подготвуваат, тоа значи дека и обајцата спремаат нешто што нема да му се допадне на македонскиот народ. Токму затоа не смееме да дозволиме да помине она што го планираат и спроведуваат, туку напротив - да се спротивставиме и да иницираме нов подобар договор, кој ќе ги штити македонските интереси", изјави синоќа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловск, во своето гостување на ТВ „Алфа“ 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика, Антонио Милошоски,за во среда свика седница на која треба да се разгледува процесот на интеграција на земјава во ЕУ, во контекст на Договорот со Бугарија. На седницата е поканет и Османи кој треба да има излагање на оваа тема.

Османи најави дека ќе ги вложи сите напори во среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците. Но, истовремено му порача на Милошоски дека очекува со иста ревносност да закаже седница и за избраните амбасадори. 



Слично

Поврзани вести