Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ уште се „дума“ за референдумот, ама реформаторите го викаат членството на масовна излезеност

ВМРО ДПМНЕ уште се „дума“ за референдумот, ама реформаторите го викаат членството на масовна излезеност

На масовна излезеност ги повика сопартијците реформаторот Петар Богојески кој неодамна е поставен за заменик генерален-секретар на ВМРО ДПМНЕ.

Богојески вели дека референдумот како идеја произлегол токму од ВМРО ДПМНЕ и дека најголемата опозиција нема да отстапи од истиот, односно ги напуштила ниските страсти.

Заменик генералниот-секретар на ВМРО ДПМНЕ појаснува дека дури 85% од членството на опозицијата е за  ЕУ и НАТО, и токму затоа ги повикува на поддршка и масовна излезеност, а лично право е на секој како ќе се определи.

За разлика од реформаторите , лидерот на партијата Христијан Мицкоски и дел од пратениците се уште не го кажуваат ставот во однос на референдумското прашање.

Богојески како дел од реформаторското крило во ВМРО ДПМНЕ се залага за реформи во партијата и демократски промени кои први го повикаа Груевски да се повлече од лидерската позиција лани.

Покрај Богојески претставници на Внатрепартиската Иницијатива за реформи во ВМРО-ДПМНЕ се Александар Михајлоски, Костадин Богданов и Драган Лазаров .

Слично

Поврзани вести