ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја испрати интерпелацијата за Талат Џафери
ВМРО-ДПМНЕ повторно ја испрати интерпелацијата за собранискиот претседател Талат Џафери без „Северна“.
Џафери претходно ја врати повикувајќи се на членот 136 од Деловникот, односно некористењето на уставното име, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, вели дека тоа е неосновано. ВМРО -ДПМНЕ, поддржана од Левица, поднесе интерпелација против Џафери затоа што противуставно се обрати на албански јазик во Европскиот парламент во Брисел, и покрај тоа што службен јазик за меѓународна употреба е македонскиот. Tие му забележаа на Џафери затоа што дозволи пратеници кои се заразени со коронавирусот, да дојдат во скафандери и да гласаат во Собранието. Џафери пак се правдаше дека не го прекршил Уставот со тоа што во Брисел зборувал на албански јазик.
