Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ упорно бара Коцевски да замине, Филипче смета дека треба да остане

ВМРО-ДПМНЕ упорно бара Коцевски да замине, Филипче смета дека треба да остане

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ денес уште еднаш го повика републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски да си замине, бидејќи „не отворал случаи против поранешни функционери на СДСМ и ДУИ“. Венко Филипче, претседателот на СДСМ,денеска на прес-конференција, давајќи коментар, изјави дека Коцевски сепак треба да остане и да не се партизира Републичкото јавното обвинителство.

Ваквиот коментар на Филипче доаѓа по најавата на Владата за интерпелацијакако одлука донесена на последната владина седница.

„Сметам дека тука станува збор за партизација. Не сакам да коментирам ничија експертиза и знаење, особено во судската власт. Апсолутно, се што отстапува од агендата за раст, не е реформа. Замена на едни луѓе со други – не е реформа, туку ризик за партијзација“, рече Филипче.

Владата пак, обвини дека Обвинителството е партизирано, а денеска пак ВМРО-ДПМНЕ рече дека осум месеци на Коцевски му се доволни на функција.

„Функционирањето на Коцевски повеќе од 8 месеци е поразително. Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери од СДС и ДУИ.

Љупчо Коцевски 8 месеци нема покренато ниту едно обвинение. Љупчо Коцевски е целосно одговорен за не постапувањето и неработењето на обвинителите под него.

Љупчо Коцевски е одговорен за ставањето под закрила на политичките криминалци од СДС и ДУИ. Коцевски наместо да работи на владеење на првото и да го санкционира криминалот тој ја продлабочува недовербата на граѓаните во правосудството.

Коцевски не постапува по наводите за криминал. Коцевски и ЈО со прст не мрднаа по мноштвото докази кои излегоа во јавноста за сторен криминал. За Коцевски не постои институтот за отворање на предмет по допрен глас.

СДС поради контрола на судството инсталираше обвинители и судии избрани во Струмица и Зајас кои не постапуваат по наводите за криминал“,гласи коментарот на владеачката партија.


Слично

Поврзани вести