Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ тврди дека не е направен бункер во Владата, туку минимални стандарди за безбедност

ВМРО ДПМНЕ тврди дека не е направен бункер во Владата, туку минимални стандарди за безбедност

Откако во емисијата 360 степени на Алсат М телевизија беше откриено што се направила претходната власт во премиерскиот кабинет на Илинденска, од партијата на Груевски преку соопштение реагираат на веста.

Од ВМРО ДМПНЕ велат дека туку при реновирањето се спроведени минималните стандарди за безбедност а не е направени никаков бункер. 

„Објектот и пред реновирањето имаше блиндирани стакла во канцеларијата на премиерот, што е нормална заштита за таков вид на објект.

Напоменуваме дека објектот во два наврати беше цел на напад со фрлање бомба од далечина, односно беше гранатиран. Ентериерот, и она што е потребно за обезбедување на минимална безбедност, како и целокупниот објект останува во трајно наследство и сопственост на Република Македонија.

Досега не гледаме дека Заев и неговите министри практично се противат на се што е направено, освен тоа што го користи сето ова за дневен и лицемерен популизам“, тврдат од партијата на екс премиерот.

Слично

Поврзани вести