ВМРО-ДПМНЕ тврди дека лицата блиски до Спасовски измислувале прекршоци за да малтретираат луѓе
ВМРО-ДПМНЕ и денеска излезе со нови пораки со кои тврди дека се правело „црн“ список на сопственици на возила со конкретно запишани регистерски броеви за поддржувачи на ВМРО - ДПМНЕ во Прилеп кои требало да ги малтретираат. Тврдат дека се измислувале сообраќајни прекршоци.
Сметаат дека клучна фигура во оваа акција биле министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и негови блиски луѓе. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали овие 40 тина полициски службеници и лица инволвирани во аферата постапувале согласно законот или дејствувале во име на партијата. Од полицијата пак и денеска преку соопштение тврдат дека ВМРО - ДПМНЕ изнесува невистини и дека немаат ниту еден доказ за тоа. Од СДСМ ги отфрлаат обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и негираат каква било поврзаност.
