ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов одбрал со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа Дафина Стојаноска глумејќи жртва
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека наместо да се сокрие од срамот пред македонскиот работник, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов одбрал со невидена дрскост, паника и нервоза да ја напаѓа пратеничката Дафина Стојаноска, глумејќи жртва.
„Ова не е напад врз семејство, ова е очајнички крик на еден „синдикалец“ кој мисли дека со солзи и со етикетирања ќе го избрише фактот дека ги троши парите на работниците за личен луксуз. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги демантира и ги отфрла неговите очајни обиди за дефокусирање од вистината. Правосудните органи веќе имаат чист случај пред себе во кој Трендафилов веќе требаше да дава исказ пред надлежните органи и да сноси одговорност за злоупотреба на службено возило за приватни цели“, се вели во реакцијата на пратеничката група.
