Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Тие што палеа и демолираа сега ги понижуваат Македонците низ светот

ВМРО-ДПМНЕ: Тие што палеа и демолираа сега ги понижуваат Македонците низ светот

ВМРО-ДПМНЕ возврати на соопштението на СДСМ во кое има осуда за денешното палење на сликата на премиерот Заев велејќи дека се работи за лицемерие и потценување на јавноста бидејќи пред две години  Заев и неговите соработници аплаудираа и славеа кога се палеа фотографии од претседателот Ѓорге Иванов.

„Разулавените хулигани тогаш не застанаа само на палење фотографии, туку демолираа и палеа и државни институции. Сега истите тие ги омаловажуваат и навредуваат Македонците ширум светот дека се примитивци и ги поистоветуваат со еден изолиран случај, само заради тоа што изразуваат несогласување со деструктивните политики на актуелната власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив, велат од партијата, Македонците не се примитивци и имаат легитимно право да изразат револт и да се спротистават на тргувањето со највисоките национални интереси.

СДСМ денеска по објавеното видео на која се гледа како демонстранти од Австралија палат слика од премиерот Зоран Заев, наведе дека палењето фотографии од политички лидери е напад врз демократијата, но тоа нема да ја спречи Македонија да чекори напред кон НАТО и ЕУ.


Слично

Поврзани вести