Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Тие што без докази спроведуваат политички атак ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ: Тие што без докази спроведуваат политички атак ќе одговараат

ВМРО-ДПМНЕ упати апели до судот да не подлегнувал на притисокот иако вчера токму симпатизери на оваа партија протестираа пред Кривичен за поддршка на своето раководство. Од опозициската партија исто така се заканија дека ќе одговараати тие што наводно вршеле политички прогон против нив.

- Целта е стигматизирање и оцрнување на стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ против кој се води политички процес чија крајна цел е политичка, и никако правна. Она што се случува со СЈО нема апсолутно никаква врска со правото и исклучиво е поврзана со политичките интереси на одредени структури.

Ваков монтиран политички процес од вакви размери, против една партија, без докази, а со политички цели македонската држава не памети во својата историја. Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите оние кои што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда, и таа ќе дојде брзо. Ќе дојде времето кога ќе одговараат за своите злодела и криминали.

Граѓаните добро знаат што се случува и целата оваа хајка ќе им се врати како бумеранг на наредните избори кога ќе бидат поразени. Раководството на СДС и СЈО ќе бидат забележани во срамниот дел од историјата на оваа држава, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести