ВМРО-ДПМНЕ: Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата на СДСМ и министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска ја задолжиле земјата за 43,9 милиони евра и дека заедно со денешната аукција за изминатите три месеци Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра.
Од партијата додаваат дека средствата се собираат директно од македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на македонското стопанство, се користат за покривање на буџетската дупка.
Од СДСМ тврдат дека Владата предводена од нивната партија ги рационализира трошоците, одговорно и транспарентно управува со парите на граѓаните, а преку домаќинското работење и одговорното управување со долговите успеала да го намали јавниот долг првпат по 2008 година.
Министерството за финансии денеска се задолжи со 2,7 милјарди денари или 43,9 милиони евра на домашниот пазар преку аукција на државни записи и државни обврзници.
