Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари не се разбира, спречи нови лекови да влезат на позитивни листа

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари не се разбира, спречи нови лекови да влезат на позитивни листа

ВМРО-ДПМНЕ упати реакција до новиот министер за здравство Арбен Таравари кој со поништувањето на одлуката за зголемување на доплатата на лековите спречил многу нови лекови (генерики) да се најдат на примарната позитивна листа, како и дека покажува непознавање на областа за референтните цени на лековите од позитивната листа - за примарна и болничка здравствена заштита.

-  Оваа денешна одлука ќе покаже за многу скоро дали одново се враќа на голема врата фармацевтската мафија, која царуваше во време на претходните владеења на СДС. Со оваа своја одлука Таравари спречи многу нови лекови (генерики) да се најдат на примарната позитивна листа, се вели во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Таравари искажал невистини дека оваа одлука била чувана во Министерството една година, а вистината е, наведува партијата, дека Управниот одбор на Фондот ја донел на 26 мај 2017 година.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата наведува и дека утврдувањето  на  референтните  цени  на  лековите  се  врши  според  компаративна методологија на Фондот за цени на лекови, воведена уште во 2010 година.


Слично

Поврзани вести