Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоци сме на бркање од работа на административци затоа што не гласале

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоци сме на  бркање од работа на административци затоа што не гласале

СДСМ ги реализира заканите кои пред референдумот ги упатуваше кон администрацијата, закани за губење на работни места, санкции и казни за сите оние кои не го дадоа својот глас за капитулантското дело на Зоран Заев, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од партијата обвинуваат дека СДСМ воспоставува тоталитарен режим во државата. 

Велат дека ова е режим чија главна одлика е прогонот на политичките неистомисленици  и противници на Зоран Заев. 

„Во јавноста се почесто сме сведоци на дисциплински постапки и бркање од работа на вработени во јавната администрација само поради тоа што тие одлучиле да апстинираат на денот на референдумот и да не одговорат на манипулативното прашање кое им го наметна власта“- стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија додава дека административните службеници се казнувани неосновано и спротивно  на Законот, спротивно на сите демократски права и начела.

Според нив, изминативе година и половина владеење на СДСМ со државата беа одбележани со еклатантно непочитување на Уставот и законите, а сега Владата на Заев велат не ја почитува ниту волјата на над 1 милион и 200 илјади граѓани кои беа против или апстинираа од гласањето за капитулантскиот договор со Грција. 

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот зашто го смета за груб фалсификат, заради што денеска ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство против повеќе од 200 лица, претседатели, членови и нивни заменици на избирачки одбори во Струга, Центар Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај

Слично

Поврзани вести