ВМРО-ДПМНЕ: Сведоци сме на насилие врз народни избраници какво не е видено во Европа
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта денеска киднапирала пратеник за да може да остане и да краде.
Наведуваат дека денеска сме сведоци на насилие врз народни избраници какво не е видено во современа Европа.
„СДСМ држи во заложништво човек за да продолжат тендерите во РЕК, скапите набавки на струја, провизиите за вакцини. СДСМ направи циркус од Собранието за да продолжат со неодговорност за 14 живи изгорени луѓе во Тетово, за најголемата смртност од КОВИД во Европa. СДСМ ја уби демократијата денес. Затоа сме на 111 место на листата на Транспаренси и уште ќе тонеме“, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека промените доаѓаат колку тоа и на мафијашите да не им одговара. Ветуваат дека ќе има одговорност.
Инаку, Кастриот Реџепи, пратеникот од БЕСА денеска не се појави во Собранието, со што немаше ниту гласање за доверба на Владата.
Партијата го пријави за исчезнат, а тој се јави со видео и кажа дека е добро.
