Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ, Стојан Чифлигароски, газдата на СВ Инвест, избегал во САД

ВМРО-ДПМНЕ, Стојан Чифлигароски, газдата на СВ Инвест, избегал во САД

ВМРО-ДПМНЕ има информација за газдата на „СВ Инвест“ Стојан Чифлигароски дека е избеган во САД, откако за неговата фирма бил вршен притисок да ја превземе работата во РЕК Битола од претпријатието „Рубитон“ или овие вторите да платат 250.000 евра кај Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев.

Од опозициската партија тврдат дека документи се доставени од свиркачи од врвот на СДСМ. Инаку ВМРО-ДПМНЕ уште во 2018 тврдеше дека „СВ Инвест“ како подизведувачи за превоз на јаглен во РЕК возат камиони од фимрата „ДГИ тотал инженеринг“, во сопственост на Вице Заев. Од РЕК „Битола“ тогаш категорично ги отфрлија обвинувањата за наводен криминал, корупција и непотизам..

-Газдата на ‘СВ Инвест‘ Стојан Чифлигароски според документите кои ги доставија до ВМРО-ДПМНЕ свиркачи од врвот на СДСМ е лицето за кое е вршен притисок врз сопствениците на ‘Рубитон‘ да ја отстапат работата во РЕК Битола или ако не сакаат да платат 250.000 евра во кеш на Вице. Јавноста уште нема информации каква е поврзаноста на газдата на ‘СВ Инвест‘ и Вице Заев? Но и зошто Вице нема дадено исказ во ЈО? Од документите се гледа дека целиот државен апарат е ставен во функција на Заеви. Цел лист од пријавата која МВР првично ја составила недостасува, а ЈО молчи. Го нема Вице, ги нема струмичаните на Заеви. 

Ќе се најде ли маж во МВР што ќе го повика Вице Заев на распит? Веќе се повеќе луѓе од врвот на СДСМ се одважуваат против струмичката криминална екипа на Заеви. Четири години Заеви ја уништуваат Македонија. Четири години власт на Заев, четири години украден живот. Доста е!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести