ВМРО-ДПМНЕ со Жан Дрвошанов ќе се обиде да ја прекине низата од четири победи на СДСМ во Струмица
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Жан Дрвошанов за градоначалник на Струмица на локалните избори во октомври и со претседателот на општинскиот комитет ќе се обиде да ја прекине низата од четири победи по ред на СДСМ во овој град.
„Четири мандати на СДСМ во Струмица направија сето она што сега го чуствува Македонија, политичката беда и урбана агонија ние да го живееме речиси две децении. На изборите во октомври Струмица избира конечен расплет на една лоша политика, ослободување од заложништво и услови за нови почетоци и развој“, објави Дрвошанов.
Негов противкандидат од СДСМ ќе биде гласноговорникот и пратеник Коста Костадинов, кој веќе му го честиташе изборот на Дрвошанов.
„Драго ми е што политичките ривали конечно излегоа со кандидат наспроти мене. Во таа смисла би сакал да посакам на Г-дин Жан Дрвошанов среќа и многу здравје, пред сé. А на моите драги Струмичани да го дадат гласот и да го изберат најдоброто за Струмица.“, напиша Костадинов.
Слично
