Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ СО ЗАБЕЛЕШКА ДО КАСАМИ ПО ПОСЕТАТА НА ВЈОСА ОСМАНИ: Тетово е град во Македонија, a oфицијален јазик е македонскиот

ВМРО-ДПМНЕ СО ЗАБЕЛЕШКА ДО КАСАМИ ПО ПОСЕТАТА НА ВЈОСА ОСМАНИ: Тетово е град во Македонија, a oфицијален јазик е македонскиот

Од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово реагираат до нивниот градоначалник Билал Касами по посетата на косовската претседателка Вјоса Османи. Пречекот на косовската претседателка на албански јазик ги скара ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го обвинија градоначалникот Биљал Касами дека го прекршил Уставот со непочитување на македонскиот јазик на билбордите со кои ја пречека Османи.

„Не треба да се заборави дека Тетово е град во Македонија, во која живеат Македонци и други етникуми и не треба да се заборави фактот дека како на цела територија така и во Тетово официјален јазик е македонскиот. Почитуван градоначаник, Македонците во Тетово бараат достојно спроведување на Рамковниот договор. Тие гласаа за вас и ви ја додоа довербата на локалните избори со чија помош победивте, Македонците се надеваат дека ќе бидете градоначалник на сите граѓани“, изјави Ангел Карапетров, советник од ВМРО- ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово

Првиот човек на Советот, Бесар Дурмиши, пак, реакцијата на ВМРО ја оцени како низок удар за дневна политика.

Младите од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово пред еден ден на влезот од градот поставија натписи „Тетово е срцето на Македонија“, во знак на протест против билбордите само на албански јазик.

Вјоса Османи ги посети Скопје и Тетово. 

Таа вчера присуствуваше  на инаугурација на улицата со името „Ибрахим Ругова“ во Општина Чаир.

Слично

Поврзани вести