Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со протест ќе ги брани осомничените за тероризам

ВМРО-ДПМНЕ со протест ќе ги брани осомничените за тероризам

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ повика на протест пред Кривичниот суд Скопје 1 во 13:30 часот со цел да им изрази поддршка на уапсените во денешната акција на МВР, а по налог на Јавното обвинителство на Република Македонија. Досега се уапсени дваесетина лица, а постапката основана врз членот 313 од Кривичниот законик за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста е поведена против 36 лица. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со денешните апсења се вршел притисок врз опозицијата. 

„ВМРО-ДПМНЕ денеска е на удар на антидржавната хунта на Зоран Заев. Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и на други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитува пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат и дека во момент кога владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок.

Слично

Поврзани вести