„Отворено се сомневаме дека членовите на избирачкиот одбор не го сториле кривичното дело самоиницијативно, туку по нечија наредба и очекуваме јавниот обвинител да се охрабри, да открие, да излезе и да каже пред граѓаните, пред јавноста кој им наредил на избирачкиот одбор да го сторат кривичното дело и нормално да преземе мерки против нарачателот на изборниот криминал кој што се случи во првиот круг од претседателските избори“, рече денеска Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму истакнаа дека за комисијата во Зајас била поднесена пријава и пред половина година, односно за наводно полнење на кутии за време на референдумот за прифаќање на Преспанскиот договор, но дека до сега немаат добиено одговор за нови сознанија.
