Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ со интерпелација за Царовска против стратегијата за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ со интерпелација за Царовска против стратегијата за мигранти

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ покренаа процедура за интерпелација на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска поради планираната стратегија за справување со мигранти на територија на Република Македонија. Ова е втора поднесена интерпелација за министри на СДСМ, откако претходно прашањето за недоверба беше покренато и за министерот за земјоделие Николовски.

- Причината за тоа се два документи, едниот е Стратегијата за мигранти, беглаци и странци 2017-2027, а вториот е Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година. Министерката за труд и социјална политика ниту ги консултираше граѓаните, ниту граѓаните се запознаени, ниту се консултирани општините, ставени се пред свршен чин, а тука ваков стратешки долгорочен документ за иднината на Република Македонија се протуркува без одобрување на граѓаните. Уште еднаш станува збор за стратешки докумнети за иднината на Република Македонија, за проекти кои што ќе значат енормни трошоци во милјарди евра во наредните десет години во делот на сместување, градење на згради и населби за мигрантите низ повеќе општини во Република Македонија, онака како што е напишано во нивната стратегија. Тоа ќе значи енормни трошоци во делот на вработувањето, тоа ќе значи енормни трошоци во делот на социјалните програми, средства кои што Република Македонија ги нема и ресурси кои што се ограничени, истакна Владимир Ѓорчев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ се противи на оваа стратегија од многу економски и социјални причини и ќе бара разрешување на Царовска.

Слично

Поврзани вести