Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО го крши законот

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО го крши законот

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека тимот на Катица Јанева продолжува со своите истражни дејства иако мандатот за таа активност им заврши со што го кршат законот.

– Член 22 од Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите гласи: „Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство, може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на превземањето на предметите и материјалите во негова надлежност“. Согласно овој член, а тргнувајќи од фактот дека рокот од 18 месеци во кој Катица Јанева можеше да покрене обвиненија истече на 30-ти јуни 2017-та година, Катица Јанева после 30-ти јуни нема овластување за истражување и гонење на кривични дела за кои беше надлежна согласно донесениот закон, истакна на денешната прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Катица Јанева не е овластена и нема надлежност да превзема понатамошни дејствија во предистражни и истражни постапки за превземените предмети и материјалите за кои заклучно со 30 јуни не покрена обвинение, ниту има овластување и надлежност за отворање и водење нови кривични постапки.


Слично

Поврзани вести