Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го остави Скопје за одмор во Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го остави Скопје за одмор во Хрватска

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ тврди дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов е на одмор во Хрватска и побара од него да се врати предвреме во период кога, како што велат од таму, главниот град се соочува со низа проблеми а земјата е опожарена.

„Петре Шилегов освен што е најнеспособниот и најмрзливиот градоначалник на Скопје, сега ќе го паметат и по тоа што го напушти градот во време кога околу Скопје имаше 18 активни пожари. Уште еднаш Шилегов покажа дека не е градски татко туку очув.

Очигледно одморот во Хрватска не може да чека, па Шилегов замина и остави цели населби без вода, Охис во пламен, пожари на Водно и Ѓорче Петров и зачадено Скопје.

И тој како и неговиот лидер Заев кукавички дезертираа и ги оставија граѓаните сами да се справуваат и да се спасуваат.

За ова Шилегов ќе сноси одговорност.

Народот ќе го прати на подолг одмор и трајно ќе му ги земе обврските во Град Скопје“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести