Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Шест лица од Кочани биле повикани на разговор во полиција

ВМРО-ДПМНЕ: Шест лица од Кочани биле повикани на разговор во полиција

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира веста дека се поднесени кривични пријави за „организирање на отпор“ против млади лица кои учествуваа во немирите во Кочани ден по несреќата во дискотеката „Пулс“.

Од таму како реакција на повикот на СДСМ велат дека единствено биле повикани шест лица на информативен разговор за учество толпа во полициска станица.

„СДСМ и Богданка Кузеска продолжуваат да лажат и да ја манипулираат јавноста. Тоа веќе им премина во хронична навика. Нема кривични пријави за какви што зборува Кузеска на прес-конференцијата, тоа е целосна измислица. Во врска со протестите и немирите во Кочани, 6 лица кои учествуваа во толпа само се повикани на разговор и тоа не резултираше со кривични пријави. 

Ниту пак има некаква активност, односно кривични пријави, како што вели Кузеска, за објави на Фејсбук. Оттука се покажува само едно, СДСМ и Богданка Кузеска, а отворат уста, лажат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести