Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Секој обид за објавување на Законот за јазици во Службен весник е кривично дело

ВМРО-ДПМНЕ: Секој обид за објавување на Законот за јазици во Службен весник е кривично дело

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека премиерот Зоран Заев и СДСМ ја киднапираа државата и го деградираа правниот систем. 

„Не ги интересира ниту Устав, ниту закон. Нив ги интересираат само функциите“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата повторува дека Законот за јазици е неуставен, неприменлив и на штета на граѓаните и државата. Одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да не го потпишува е единствено исправна одлука.

„ВМРО-ДПМНЕ апелира дека секој обид за негово објавување во Службен весник и стапување на сила без потпис на претседателот на државата претставува кривично дело и сторителот на истото ќе сноси одговорност. Законот за двојазичност е во спротивност со волјата на граѓаните, ставот на експертите, Уставот на државата и укажувањата од страна на претседателот на нашата држава“- стои во соопштението.

Зоран Заев, нагласуваат од опозициската партија, ги излажа граѓаните на 17-ти мај кога ја потпиша изјавата кај Претседателот Иванов и се обврза дека ќе го гарантира уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат во спротивност со Уставот.

Слично

Поврзани вести