Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ се здружи со Грчева и Петров со пријава за „повикот на Заев за поткуп“

ВМРО-ДПМНЕ се здружи со Грчева и Петров со пријава за „повикот на Заев за поткуп“

ВРМО-ДПМНЕ здружено со партијата на Солза Грчева и здружението на Тодор Петров поднеле кривична пријава против Зоран Заев за повикот за време на кампањска трибина во Крива Паланка бизнисмените да го одврзаат ќесето за работниците пред референдумот, толкувајќи го истото како обид за „изборен поткуп“.

Јавното обвинителство потврди дека е оформен предмет, но засега тој останува само на испитување на наодите дали постои правна основа да се започне евентуална истрага.

-Пријавите се за изречен јавен повик за поткуп на избори при гласање. Оформен е предмет од доставени кривични пријави и истиот е распределен кај надлежен јавен обвинител во Куманово, каде треба да се проверат наводите – рече обвинителот Џелал Бајрами.



Слично

Поврзани вести