Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ се закани - Ако се рушат споменици ќе има последици

ВМРО-ДПМНЕ се закани - Ако се рушат споменици ќе има последици

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ предупредуваат никој да не помисли на уривање на споменици ниту да преземе такви чекори бидејќи ќе се соочи со тешки последици за практично уривање на македонските историски вредности, Оваа реакција доаѓа откако министерот за култура Роберт Алаѓозовски креираше тело за анализа на проектот Скопје 2014 кое опозицијата го нарекува „Совет за лечење фрустрации“.

- Варваризмот и неспособноста стануваат основни одлики на т.н. културни работници на СДС.Наместо да унапредуваат – уназадуваат. Наместо да создаваат – рушат. Наместо да го ценат квалитетот – спроведуваат партиски чистки. Бркаат од работа успешни професионалци и вработуваат „од чистачка до директор“ луѓе со членска на СДС како втора лична карта.

Таков е и новиот совет за култура на министерот Роберт Алаѓозовски во кој членуваат познати деструктивци од СДС, сеачи на омраза и поделби, луѓе кои активно работат на уништување на историјата и културното наследство на Македонија.

Советот за лечење фрустрации на Роберт Алаѓозовски е сочинет од луѓе како Ѓунер Исмаил, Мирослав Грчев и Владе Милчин, а повеќето од нив јавно говореле дека ќе го рушат проектот Скопје 2014, ќе рушат споменици, ќе ги минираат, ќе ги топат и од нив ќе прават суровина за металуршката индустрија.

Ова не се зборови на осуден криминалец или бомбаш, ова се зборови на првиот човек на советот за лечење фрустрации на Алаѓозовски.

Цитирам: „Ќе ги минираме, ќе ги стопиме, ќе ги уништиме“ вели Ѓунер Исмаил и продолжува: „оној воин, сосе мајка му, сосе татко му, Никола Карев и целата булумента која служи за потсмев. Во СДСМ се дискутира безмилосно и радикално“.

Господа советници, ви препорачуваме вашите фрустрации и радикалност да ги канализирате во вашиот дом или во соодветна институција, која не е совет за културата. Без оглед на познатиот однос на СДС кон историјата и хероите на македонската држава, без оглед на вашиот бес и гнев, тој став не е став на мнозинството граѓани во Република Македонија и треба да бидете многу внимателни во чувството на семоќност кое може да повлече ваши непромислени постапки.

Започнавте со јадење живи луѓе и политички прогон кој ќе заврши на суд на штета на Република Македонија – и за тоа сталинистот Алаѓозовски ќе одговара.

Но, доколку се обидете да уништувате споменици на историјата на македонската државност, ќе одговарате сите до еден и ќе ви суди народот. Дури и поскоро отколку што очекувате“, рече на прес конференција пред Министерството за култура Милош Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ


Слично

Поврзани вести