Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ се „поднови“ со двајца нови членови на Извршниот комитет

ВМРО ДПМНЕ се „поднови“ со двајца нови членови на Извршниот комитет

По предлог на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ партијата која е во опозиција има нови членови на Извршниот комитет.

Како што соопштија од ВМРО ДПМНЕ помеѓу останатото на редовната седница биле избрани и двајца нови членови. Станува збор за Драган Данев и Александар Велјановски.

Донев во моментов е на чело на пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ во Собранието додека Велјановски ја  извршуваше функцијата претседател на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ во Тетово.

Вчера во најголемата опозициска партија во државата се дискутирало и за моменталните политички случувања во државата, реформската агенда, економската состојба а пораката која лидерот Христијан Мицковски на оваа партија ја испрати е дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде коректор на лошите економски политики, со свои сугестии и планови за подобрување на моменталната состојба.

Слично

Поврзани вести