Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за Конгресот - кој се има амбиции за нов лидер?

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за Конгресот - кој се има амбиции за нов лидер?

На состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ  утре околу 130 негови членови ќе ги подготват сите документи и дневниот ред за оставката на лидерот Никола Груевски и изборот на нов претседател, на вонредниот конгрес на 23 месецов во Валандово.

Одлуката за вонредниот конгрес треба да ја потврдат 2/3 од членовите на централниот комитет односно околу стотина членови.

Кандидатот за претседател треба да биде предложен од 30 делегати на конгресот. Ќе биде избран ако за него гласаат половината од 560 делегати. 

Постапката за кандидирање не е официјално отворена, но се споменуваат имињата на Христијан Мицковски и Илија Димовски. Филип Петровски веќе ја објави својата намера да се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Се шпекулира и за можни кандидатури на Никола Попоски, Антонио Милошоски, Никола Тодоров и  Влатко Ѓорчев.

Слично

Поврзани вести