Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО ДПМНЕ се одлучи за кандидатот, СДСМ почнува преговори со партнерите

ВМРО ДПМНЕ се одлучи за кандидатот, СДСМ почнува преговори со партнерите

Во опозицијата падна одлука, додека владеачката гарнитура од вечерва почнува да преговара за консензуален кандидат со кој ќе се трча на избори.

Професорката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО ДПМНЕ ќе се обиде да стане шеф на државата ако добие поддршка од граѓаните, а изборната кампањата ја стартуваше денеска од Охрид.

Заев пак вечера почнува да работи на случајот. Според најавите премиерот ќе се состане со лидерите на партиите за поддршка на претстојните претседателски избори додека пак средбата со Али Ахмети е најавена за утре.

На средбите ќе се разледува можноста дали има шанси коалицијата За живот да оди на избори со еден кандидат.

Засега во СДСМ кандидатура поднесе Ѓорги Филипов.

Поранешниот македонски амбасадор во Германија, Д-р Ѓорѓи Филипов, е првиот кој во јавноста објави дека ќе поднесе апликација за избор на кандидат на претседател на Македонија на конкурсот на СДСМ. 

Слично

Поврзани вести