ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покачуваше пензии за 59, 75 или 120 денари

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покачуваше пензии за 59, 75 или 120 денари

Најголемата лага во пензискиот систем не се случува денес – таа се случи токму во времето кога СДС ја имаше власта. Тогаш, над 270.000 пензионери беа сведени на статистика и буквално понижени со покачувања кои изнесуваа по 59, 75 или 120 денари. Тоа не беше зголемување – тоа беше навреда за сите оние кои го изградиле ова општество, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека денес СДС манипулира со бројки и проценти, вистината е една – токму таа партија испорача најниско и најнеправедно покачување на пензиите во историјата.

Еве ја табелата што го потврдува тоа: 31 март 2021 - 185 денари; 30 септември 2021 - 138 денари; 31 март 2022 - 185 денари; 30 септември 2022 - 808 денари; 31 март 2023 - 1.319 денари“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, покачувањата на пензиите во времето кога на власт беше СДСМ биле срамно ниски.

„Како што гледаме, во првите три усогласувања, СДС зголеми пензии за 138, 185 и 185 денари – што е срамно ниско и не ги покриваше ни основните трошоци за живот, ниту инфлацијата. За најсиромашните пензионери, ова беше навреда, а не политика на правичност. И токму тие пензионери, денес добиваат 1.000 денари зголемување, социјално праведно и рамноправно, благодарение на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. И тоа е само првиот чекор – со новата методологија, до март 2026, пензиите ќе пораснат вкупно за 7.000 денари. Тоа е недвосмислено најголемото зголемување досега. Додека СДС зборуваше за правда, ја уништуваше една од најважните категории во општеството пензионерите. Денес кога таа неправда се исправува, кога секој пензионер без оглед на висината на пензијата добива вистинска поддршка, се обидуваат да го извртуваат фактот“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ad
Слично

Поврзани вести