Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев немаат концепт за економска политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев немаат концепт за економска политика

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека СДСМ и Зоран Заев немаат никаков издржан концепт за водење економска политика. 

Според нив, граѓаните ја препознаа неискреноста на СДСМ, а од друга страна гласаа за издржаната понуда која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја понудија и затоа над 455.000 граѓани дадоа поддршка на програмата Реално. 

„Овие лажни ветувања на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои патем ги вртеше и во текот на кампањата беа прочитани од граѓаните и тие во мнозинство не дозволија повторно да бидат излажани како на 15-ти септември 2002 година, кога и Заев и Шекеринска ветуваа вработување на еден член од секое семејство. Економската нелогичност на ова ветување на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев беше верификувано на избори. СДСМ и Зоран Заев наместо да понудеа издржани проекти кои ќе ја зголемеа вработеноста во државата, неискрено и лажно ветуваа приходи кои се исти или повисоки примања од минималната плата“ - наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лажните ветувања на СДСМ беа казнети на последните избори на 11-ти декември. 

Слично

Поврзани вести