ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е болест за здравството
СДСМ е болест за здравството. Здравството тоне, а пациентите го плаќаат тоа со своето здравје и живот, обвини денеска опозицијата.
Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека Владата е целосно безидејна и нема ниту еден проект во областа на здравството, но затоа, како што соппштуваат од неговиот кабинет е успешна и е во преземање, односно крадење на проектите во областа на здравството од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и по повеќе од една година само се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Стратегија за превенција на оралните заболувања кај деца од нула до 14-годишна возраст, проект на ВМРО-ДПМНЕ со која беа опфатени 93% од децата до 14 годишна возраст во перидот од 2007 до 2017 година покажа одлични резултати. Просекот на заби со кариес кај децата во 2007 година, изнесувал 6.8 проценти , а во 2017 година е намален на 1.9 проценти. Ова го призна и самиот Филипче.
Оваа мерка како и најголемиот број од мерките имплементирани од ВМРО-ДПМНЕ, како во здравството, така и во сите други општествени сфери дава одлични резултати за граѓаните, од областа на здравствената заштита“, велат од ВМРО ДПМНЕ.
