ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара внимание со невистини, мигранти нема да има
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ се обидува да дојде до внимание преку невистини.
„СДС секојдневно пробува да дојде до некакво медиумско внимание преку ширење на лажни вести, шпекулации и невистини. Како расипана плоча или касета која врти во круг, СДС во безидејност, без програма, без идеја, без аргументирана критика, растура пердуви во јавноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека и премиерот Христијан Мицкоски демантирал дека ќе има мигранти во Македонија.
„Еве денес, по не знаеме веќе кој пат, како ВМРО-ДПМНЕ, а вчера и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, веќе демантираше дека ќе има мигранти во Македонија, повторно им кажуваме на СДС, мигранти во Македонија нема да има“, стои во реакцијата на партијата.
