ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја третира државната каса како бунар без дно
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС ја третира државната каса како бунар без дно.
Според нив, парите на граѓаните испаруваат и исчезнуваат секој ден. Министерот за задолжување Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Само по овој основ министерот за задолжување Тевдовски има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра. Вкупно, волшебниците од СДС успеаја да направат да исчезнат 171 милион евра. Владата на СДС пред два дена државата ја задолжи за нови 2.70 милијарди денари односно 43,9 милиони евра. Граѓаните не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на волшебниците од СДС и нивните асистенти од Сорос и платеничката „Шарена револуција“. Заради неработата, непосветеноста и негрижата, СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност“- се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Велат дека СДС секој ден ја задолжува Република Македонија, се распишуваат аукции за државни хартии од вредност, а парите потоа волшебниците од власта се трудат да ги снема.
