Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Република Грција со нашето име

ВМРО-ДПМНЕ: Само граѓаните на референдум може да одлучат околу спорот што го има Република Грција со нашето име

Одлуката околу решението на проблемот кој што Република Грција го има со нашето име не е и не може да биде екслузивна сопственост само на одредени политичари, па ниту на владејачкото мнозинство во Собранието, реагираат од опозициската партија. 

ВМРО ДПМНЕ ги осудува изјавите на господинот Талат Џафери и ќе се спротистави на намерите мнозинството пратеници сами да изгласаат каква било промена на името без претходно  за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум и притоа мнозинството од нив да бида согласни за понуденото решение.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот, со цел промена на уставното име на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебноста на македонската нација и на македонскиот јазик и култура.

ВМРО-ДПМНЕ, останува силно посветена на процесот на интеграција во семејството во кое припаѓа политички, културно и економски. Членството во ЕУ и НАТО ќе значи додадена вредност како за нашата, така и за регионалната стабилност, политичко заедништво и економски развој“, посочуваат од партијата која следниот викенд ќе избира нов лидер.

Слично

Поврзани вести