Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е правена со аргументи на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е правена со аргументи на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА

ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ да не бега од носење на заедничка Резолуција во македонското Собрание кое што ќе ги утврди националните црвени линии по однос на идентитетот, историјата и јазикот. 

„Оттука доколку СДСМ сметаат дека за македонскиот идентитет не смее и не се преговара очекуваме да дадат поддршка на предложената Резолуција, бидејќи овој документ токму тоа и го акцентира.

Истовремено потсетуваме дека членовите на бугарскиот парламент без разлика на партиската, политичката и идеолошката определба  едногласно и унисоно донесоа Резолуција за Македонија, па било апсурдно македонското Собрание да нема Резолуција за македонските национални интереси.

Документот кој што Собранието на Македонија би требало да го донесе не е партиски текст туку е текст произлезен од највисоките научни, образовни и општествени институции и авторитети во Македонија како МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Во себе содржи дефиниции и позиции базирани на несоборливи факти и аргументи, кој што никој во државата не може и не смее да си дозволи заради политика да ги спори“, реагира најголемата опозициска партија.


Слично

Поврзани вести